Вести Македонија Наука и здравје

ФОТО: Нова опрема за хируршката болница во центарот на Скопје, директорот бара поддршка за нов објект со хируршки сали и „руф-топ бар“

На Хируршката клиника „Свети Наум Охридски“ во центарот на Скопје беа промовирани нови апарати за дијагностика и за лекување, во вредност од милион евра, обезбедени од Министерството за здравство.

Станува збор за нови апарати за мамографија и за литотрипсија, за кршење и отстранување камења од бубрези и од уринарните патишта.

-Со овие нови апарати ќе се зголеми ефикасноста во рано детектирање на ракот на дојка, а воедно ќе се растеретат капацитетите на здравствениот систем преку тоа што ќе се даде можност овие проверки да се прават на повеќе места отколку што тоа беше случај досега. Воедно набавен е и лапароскопски столб за изведување на минимално инвазивни хируршки процедури, кој веќе е ставен во функција во оваа Клиника, рече премиерот Димитар Ковачевски кој беше на презентацијата на опремата.

Старата градска болница односно Хируршката клиника „Свети Наум Охридски“ годишно пружа здравствена помош и грижа на над 120 илјади пациенти, но работи во немодернизиран објект, немање доволно современа опрема и недостаток од кадар.

Директорот на болницата Љубен Арсенков побара поддршка за проект за модернизирање на болницата со изградба на 5 хируршки сали над паркингот, а тој оперативен блок би бил поврзан со топол ходник со главниот објект на болницата, препознатлив по портокаловата боја на фасадата. На тој начин би се направилаи натстрешница над болница.

Арсенков има идеја на врвот на таа доградба да се изградби и руфтоп бар.

-Верувајте толку е голема функционалноста на оваа работа што би ја направиле, пет операциони сали со сите светски стандарди е спас за македонската хирургија. Преоптеретени се сите сали, ќе добиеме други простори во болницата. Зградата е стара 93 години, што и да правиме овде не можеме веќе. Секое ќоше го искористиве. Но, има мал проблем, верувам министерот ќе се заложи. Конзерваторски центар не ни дава да го споиме ова со зградата затоа што е заштитена како архитектонски објект, рече Арсенков кој го претстави и планот.

Во продолжение фотографии од денешната презентација на опремата.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Израел се заканува со еднострани мерки при признавање на палестинска држава

Дејан Дејан

Скопје и Скопскиот регион зафатени со врнежи од дожд и засилен западен ветер

Дејан Дејан

Трамп го повика Киев да преговара со Моксва за прекин на огнот

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе