Амбасадорот Дирк Јан Коп се сретна со лидерот на ДУИ Али Ахмети за да ја пренесе пораката дека по континуираниот двегодишен пад на владеењето на правото, посветеноста на Северна Македонија за членство во ЕУ е загрозена низ политичкиот спектар.
Непотребното политичко влијание врз функцијата на претседателот на Врховниот суд, што е судска работа, е неприфатливо и ќе предизвика остра реакција од Холандија, напиша амбасадорот.
Ова не е прва сериозна критика од холандскиот амбасадор дека во Македонија не постои вистинска политичка волја за промена. Коп често во своите изјави потенцира дека Македонија само наоѓа изговори, додека реформите се заглавени во место поради недостатокот на имплементација, корупцијата и непотизмот. Најголемите критики постојано ги упатува на сметка на правосудниот систем, каде поради состојбите Холандија нема друга опција освен да ја евалуира поддршката која што ѝ ја дава на Македонија.