И во штипската Клиничка болница во новата година по речиси осумнаесет часа се слушна плачот на првороденото бебе. Деа Стојковска се роди вчера во 17.55 часот, на свет ја донесе 29 годишната Глорија Стојковска од Македонска Каменица.
Во 2013 година во болницата се родија 1.000 бебиња, а десет години подоцна на штипското гинеколошкото и акушерското одделение се родени само 500 бебиња, породувањата се буквално преполовени.
Дека наталитетот во земјава паѓа говорат и податоците на Државниот завод за статистика, во трето тримесечје лани, бројот на живородени се 4.453 деца, а во споредба со 2022 година бројката е намалени за речиси 10 проценти.
„Белата чума“ коси во источниот регион, причините за падот на наталитетот во овој регион лежи во иселувањето на младите.
Помалите рурални општини во Брегалничкиот регион најмногу го чувтсвуваат намалувањето на бројот на деца и во училиштата, а лани во најмалата општина во земјава Зрновци дури во октомври се роди првото бебе.
Викторија Димитрова Јованова