Вести Македонија Најважни

Затвор или максимални 500 евра казна – обвинителството на потег за полниот гепек со петарди на внукот на Ахмети

Петардите непукнати, огнометите не полетаа, но ќе детонира ли обвинителството кривична пријава за младиот Дрин Ахмети во пресрет на новата година. Три часа на инспекторите им раскажувал како, кога и од каде го наполнил гепекот со пиротехника. Полициската Беко ја напушти доцна ноќеска со адвокатите. Утрово од паркингот го нема ниту скапоценото возило на внукот Ахмети, „Ренџ Ровер“. Како ќе се постапува во случајот, обвинителството ќе одлучува откако ќе се направи вештачење на пиротехничките средства со кои тој синоќа падна во раце на полициските специјалци.

„За настанот е известен јавен обвинител. Во зависност од фактите кои ќе бидат утврдени со вештачења на пронајдените пиротехнички средства, јавниот обвинител ќе одлучува за натамошниот тек на постапката“, велат од Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје.

Неговата изјава, 749 петарди и огномети се доволни за Ахмети да биде гонет, но дали ќе се соочи со кривична одговорност и казна затвор. На потег се обвинителите или, пак, ќе се врати во прекршочна постапка со 200 до 500 евра, исходот допрва ќе се знае.

Но, младиот внук на лидерот на ДУИ, Али Ахмети има проблеми и во соседното обвинителство. Гонителите на организиран криминал и корупција отворија предмет во јули. Допрел глас до нив дека е сомнително како Дрин Ахмети, инаку управител на компанијата „Соравија инвест” која го поседува 30-тина милиони евра вредниот „Соравија“ деловен центар, сместен до ГТЦ во Скопје од зделката за преземање на „Соравија“ ќе добие 39 %, без да уплати ниту едно евро на почетокот на зделката.

Но, од ова обвинителство кое го води Ислам Абази, сограѓанин на Дрин од Зајас и пријател на таткото на Дрин, нема никакви информации за постапката. Во меѓувреме, Дрин Ахмети на 1 септември оваа година е избран за управител на „Соравија“ заедно со еден бугарски државјанин. Промената е впишана во централниот регистар на 13 септември. На ЛинкдИн мрежата, Ахмети не е трговец со петарди, туку се претставува како 25-годишен успешен бизнисмен со стекнато високо додипломско и постипломско образование во Скопје, Италија и Калифорнија, САД.

Павле Беловски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Калајџиев: Сите влади кај нас практикувале реформски илузионизам, давајќи лажна надеж дека со измена на закони ќе се подобрат состојбите

Дејан Дејан

Петковска: Организацијата на судењето за пожарот во „Пулс“ ќе биде голем предизвик за Кривичен

Дејан Дејан

Трамп: Разочаран сум од Путин

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе