Вести Македонија Најважни

Етничка припадност како услов за вработување – институциите распишуваат огласи по етнички клуч

Не запираат огласите во државниот и јавниот сектор за нови вработувања на еден месец пред формирањето на Техничката влада во кои еден од главните критериуми е етничката припадност. Лавина реакции предизвика огласот на „Македонски шуми“, каде се бараат дрвосечачи од албанска националност во општини во источна Македонија, во средини каде што живеат малку Албанци, како што се Кавадарци, Демир Капија, Крива Паланка. Така на пример во подружницата во Берово, предвидено е да се вработата 12 работници од албанска националност, а на пописот како Албанец се изјаснил само еден. Од „Македонки шуми“ велат дека огласот е распишан според она што го покажа балансерот, а тие мора да го почитуваат законот кој предвидува правична застапеност

„Вкупно 411, 36 се Македонци, 33 Турци, 20 Роми и 330 Албанци. Oна што го прикажува балансерот. Тоа не е дека јас така сакам или во „Македонски шуми“ така сакаме, туку затоа што така е Законот и мора да се почитува. Се работи за физички  работници кои ќе работат во шума и ќе земаат минимална палта. Инаку во Национални шуми во последните шест години не е вработен ниту еден човек“, вели Валентин Груевски, директор на Македонски шуми.

Весниците и денеска се полнат со огласи за вработувања по етнички клуч. Во Македонската опера и балет се бара еден сценски и еден тонски техничар, кои исто така треба да се Албанци, како и двајца шивачи каде работното место е предвдено за еден Албанец и еден Турчин. Во Министерството за животна средина се бараат тројца извршители Албанци и тројца Македонци.

Минатата недела во јавноста револт предизвика и огласот за вработување на Клиниката за гинекологија во Скопје во кој се бараа четворица доктори на специјализација под услов да се  Албанци, а на истиот оглас се бара и еден Турчин и еден Ром. И премиерот пред два дена изјави дека Законот за правична застапеност мора да се запази.

„Тоа е законот, а огласот мора да биде врз основа на закон. Сум кажал повеќе пати дека етничката припадност не може да биде професија, но тоа е професија единствено на Западен Балкан и никаде на друго место“, рече премиерот Димитар Ковачевски.

Претседателката на Уставен суд, Добрила Кацарска на последната прес-конференција за годинава  годинава рече дека неуставни се огласите со истканата етничка припадност и судот би се произнел по ова прашање доколку добие таква иницијатива. Инаку балансерот како алатка е воведен во 2016 година и служи за соодветна застапеност на сите заедници во секоја институција од државниот и јавниот сектор.

Емилија Мисирлиевски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Абдулахи: Секоја пречка што ја ставаат политички партии, се мотив и енергија за независните

Дејан Дејан

Пеплоасни 15-на хекари зимзелена и нискостеблеста шума во пожарот кај Кочани

Дејан Дејан

Илиевска: Ако во 2017 година не нè перцепирале нас независните, денес се фокусирани да направат сè да не успееме

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе