Вести Економија

Зголемен бројот на работници во индустријата

Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на работниците во индустријата во ноември 2023 година, во однос на ноември 2022 година, е зголемен за 3,3 отсто. Во периодот јануари – ноември годинава, пак, во споредба со истиот период лани, зголемувањето 1,4 проценти.

Бројот на работниците во секторот Рударство и вадење на камен во ноември 2023 година, во однос на ноември 2022 година, бележи опаѓање од 0.7 %, во секторот Преработувачка индустрија пораст од 3.9 %, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 5.2 %.

Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во ноември 2023 година, во однос на ноември 2022 година, бележи пораст кај Kапитални производи за 18.6 %, додека опаѓање бележи кај Енергија за 4.1 %, Интермедијарни производи, освен енергија за 3.1 %, Tрајни производи за широка потрошувачка за 4.6 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 0.2%.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Кармина Бурана во Солун- заедничка изведба на Филхармониите од Скопје и Софија и симфонискиот оркестар од Солун

Дејан Дејан

Студентите повикаа на продолжување на граѓанската непослушност и блокада во Белград

Дејан Дејан

Израел продолжува со нападите во Газа – убиени и повредени повеќе десетици Палестинци

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе