Вести Економија

Владата препорачува киосците и продавниците да работат за празниците – за „Гласен Текстилец“ одлуката е катастрофална

Владата донесе препорака вработените во продавниците и киосците да работат и за време на новогодишните и божиќните празници– Гласен текстилец побара да ја повлечат оваа како што велат катастрофална одлука. Препораката е донесена на барање на трговците, а работниците ќе бидат платени согласно закон тврди премиерот Димитар Ковачевски.

„Сметам дека за овој закон ќе продолжи дискусијата и во текот на 2024 година и се надевам дека доколку бидат правени измени коишто ги бараат дел од индустријата и дел од другите дејности тогаш тие на обострано задоволство ќе бидат направени, секако и на задоволство на работниците и на синдикатите бидејќи на крајот на денот овој закон се однесува и на работниците меѓутоа и на работодавците“, изјави премиерот.

Владата веднаш да ја промени препораката која им дава ветер во грб на работодавачите да ги кршат законите и работничките права, велат од гласен текстилец.

  • Сведоци сме дека прекувремената работа, работата на празник и во ден на неделен одмор, не се плаќа од мнозинството приватни фирми. Гласен Текстилец даде особен ангажман да има забрана за работа во недела на огромен дел од дејностите, сепак владата сега им дава препорака на работодавачите да го кршат законот кој тие го донесоа, базиран на наши долгогодишни барања, соопштија од Гласен Текстилец. 

Владата на вчерашната седница донесе одлука со која се препорачува продавниците, киосците и штандовите во малопродажба да работат за време на претстојните новогодишни и божиќни празници. Целта на оваа препорака според Министерството за економија е да им се излезе во пресрет на потребите на граѓаните за време на празниците, но и поради зголемената посетеност на туристи низ целата држава.

Симона Петровска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Две жртви на временски непогоди во Италија – црвен метеоаларм во 18 градови

Дејан Дејан

Опасната бактерија листерија во маслинки во Германија – повлечена цела серија од два ланци на маркети

Дејан Дејан

Сончево и топло со мала до умерена локална облачност – Временска прогноза за 2.7.2025

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе