Вести Македонија

Свечено отворен обновениот спортскиот центар „Партизан“ во Скопје

Агенцијата за млади и спорт предводена од директорот Наумче Мојсоски, со премиерот Димитар Ковачевски, со градоначалникот на Карпош, Стевчо Јакимовски денеска го отворија познатиот спортски центар „Партизан“.
Реконструкцијата почна во април минатата година, а требаше да биде завршена до септември, но нејзиното завршување се пролонгираше.
„Спортски игри нека започнат! Спортскиот центар „Партизан“ како феникс, нов, уреден, подготвен за спортски активности! Зборот е збор! Партизан е многу повеќе од само спортски Центар! Партизан е идентитет, припадност со која се идентификуваат Карпошани, но и цело Скопје и Македонија! Од самиот почеток, внимателно и плански се работеше на секој дел од објектот и драго ни е што денес официјално го одбележивме стартот! Од самиот почеток, внимателно и плански се работеше на секој дел од објектот и драго ни е што денес официјално го одбележивме стартот! Нема поголемо задоволство од завршен проект кој е од голема важност за граѓаните! Партизан е токму тоа! Вложивме време, финансиски средства сѐ со цел да го издигнеме Партизан, зошто жителите на Карпош, скопјани тоа го заслужуваат!“, стои во објавата на АМС.
Обновата на салата е со површина од 1.617 квадртни метри. Се реновираше според идејниот проект кој го одбра Општина Карпош.
Салата „Партизан“ е изградена веднаш по скопскиот земјотрес во 1963 година. Во спортскиот објект се одржуваа различни спортови, од одбојка, кошарка, бокс, атлетика, пинг-понг, па се до стрелаштво, бодибилдинг.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„Паднал низ прозорец“ – почина потпретседател на руска нафтена компанија

Дејан Дејан

Нашиот животен сон стана реалност – Јован Филипоски и Лилјана Михајлоска, младоженци на годинашната Галичка свадба

Дејан Дејан

Бројот на повредени во експлозијата на бензинска во Рим се искачи на најмалку 40

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе