Вести Македонија

Први реакции по одлуката на Управен суд кој го поништи разрешувањето на Дамева од претседателската позиција во Судски Совет

Министерот за правда, Кренар Лога ја поздравува одлуката на Управниот суд со која се поништува одлуката за разрешување на Весна Дамева од претседател на Судскиот совет, како незаконска со што Дамева се враќа на претседателското место во Судскиот совет.

-Со ова се потврдуваат сите наводи на министерот кои во изминатиов период ги имаше за работењето и постапувањето на Судскиот совет со што се докажува дека на оваа институција и се неопходни реформи. Одлуката на Управниот суд влева надеж за враќање на довербата во институциите и почитување на принципот на владеење на правото, соопштија од неговиот кабинет.

Поништен пучот во Судски Совет со одлука на Управен суд, таборот на Селим Адеми незаконски ја разрешил Весна Дамова од претседател на Советот

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЗНАМ најавува соработка со ВМРО-ДПМНЕ на претсојните локални избори

Дејан Дејан

Дробњак: 2030 е годината на новото проширување на ЕУ

Дејан Дејан

Синдикатот за култура бара почитување на колективните договори и на законите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе