Вести Македонија Најважни

Беса Адеми бара од Судскиот совет да ја запре постапката за нејзино разрешување – Се отвора патот за Весна Дамева да се врати на првата позиција

Претседателката на Врховен суд, Беса Адеми и иницијаторот за нејзино разрешување, членот Милјазим Мустафа предложен од претседателот, а избран од Собранието ги соочија аргументите пред тричлената комисија на Судски.

На 21 седница од мај до ноември не дошла во судскит совет, а кога го оправдала отсуството не доставила докази, е првата наведена причима во иницјативата против неа. Втората причина е што по интервјуто во кое говори за политички притисоци поврзани со аболицијатз на екс претседатлеот Иванов не дошла на работната средба во Судски.

Адеми и нејзината адвокатка одговорија дека Оценската мисија предлага претседатлеот на Врховен и министерот за правда да не бидат членови по функција, да не бидат членови на судски, а дека нивното  отсуство на седниците не е прекршување на закон.

Не само што го попречи и оневозможи Судскиот совет во остварување на својата функција туку и покажа професионална и правна некултура во почитувањето на институциите и придонесува во намалување на довербата на граѓаните во судството, рече Мустафа.

Ова тврдење за одбраната е несериозно бидејќи произлегува дека Судскиот совет во периодот кога Адеми не доаѓала бил нефункционлно тело. Дисциплинска постапка по дадено интервју  се закана  за слободата на изразување и ги обесхрабрува другите судии ,  смета одбраната повикувајќи се на праксата на Европскиот суд за човекови права и слободи.

Претседсателката на Врховен рече дека  судски треба да биде брана која ќе ги штити судиите од притисоци, а не истражен орган. Објасни дека на средбата била повикана во петок, за во понеделник, за кога и поради обврски не можела да дојде , но јасно и оставила простор по два дена кога ќе биде објавен извештајот на ЕК да се сретнат.

Мустафа и поставуваше и прашања на Адеми, на дел инсистираше да му одговара со „Да или не“ а цитираше и одредби на кривичниот законик за попречување на одбрана . Прашањата и ставот на иницијторот, одбраната ги протолкува како тенденциозни и закани за кривична одговорност. По ваквото излагање велат јасни се  мотивите за водење на оваа постапка.

Мустафа побара разрешување  за Адеми . Зефиќ Јакимовска очекува судски да ја запре постапката против претседатлеката на Врховен.  Комисијата предводена од членот Мирсад Сурои во рок од 15 дена треба да го изготви извештајот кој потоа ќе се дискутира на сендица на судски.

Елена Ивановска Мукоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Трамп: Разочаран сум од Путин

Дејан Дејан

Нуклеарката Запорожје остана без струја, Украина ја обвини Русија

Дејан Дејан

„Паднал низ прозорец“ – почина потпретседател на руска нафтена компанија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе