Вести Македонија

Вработувањата според националност на гинеколошката Клиника се законски, сметаат од Влада

Се е законски во огласот што е распишан на Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје, согласни се и премиерот и министерот за здравство. На јавниот оглас за вработување што е распишан на клиниката се бараат четворица доктори на специјализација под услов да се Албанци, а на истиот оглас се бара и еден Турчин и еден Ром. Од власта велат дека при вработување мора да се почитува законот, кој предвидува правична застапеност на етничките заедници.

„ Според член 5 од законот за вработени на јавниот сектор се предвидува обврска за вработувања согласно начелото за соодветна и правична застапеност. Во член 20 од истиот закон е предвидена прераспределбата на бројот на планирани вработувања да биде соодветна за одржување на правичната застапеност. Ова е законот, но знаењето и искуството се пред сè“, изјави Фатмир Меџити, министер за здравство.

 

„Тоа е законот, а огласот мора да биде врз основа на закон.

Сум кажал повеќе пати дека етничката припадност не може да биде професија и тоа е професија единствено на Западен Балкан и никаде на друго место во светот“, изјави премиерот димитар ковачевски.

 

Претседателката на Уставниот суд, Добрила Кацарска на последната прес-конференција за годинава кажа дека додека е таа претседателка во Уставен суд не се распишувале огласи во кои била истакната етничката припадност. Смета дека тоа е неуставно и судот би се произнел по ова прашање доколку добие таква иницијатива.

Инаку, власта денеска се пофали дека 1.117  здравствени работници кои досега работеа со договор на дело ќе бидат вработени на неопределено време.

Тамара Марковска

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Абдулахи: Секоја пречка што ја ставаат политички партии, се мотив и енергија за независните

Дејан Дејан

Пеплоасни 15-на хекари зимзелена и нискостеблеста шума во пожарот кај Кочани

Дејан Дејан

Илиевска: Ако во 2017 година не нè перцепирале нас независните, денес се фокусирани да направат сè да не успееме

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе