Вести Македонија

Телото на загинатиот во сообраќајката кај с.Марена ќе биде испратено на обдукција

Јавното обвинителство нареди обдукција за починатото лице во сообраќајката кај Марена, во која учествуваа три патнички моторни возила. Како што појаснија од Обвинителството за МИА, бил извршен увид на лице место на патот Неготино – Кавадарци. Еден возач починал,  друг бил повреден. Две лица биле неповредени во третото возило.

  • Едно лице загина, а едно е повредено во сообраќајката што попладнево се случи на патот Неготино – Кавадарци кај селото Марена.

Како што информираат од Здравствениот дом во Неготино за МИА едното лице починало на лице место, а друго се здобило со повреди и е на иследување во кавадаречката болница.

Претходно од СВР Велес ја потврдија сообраќајката и рекоа дека се случила кај селото Марена.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Абдулахи: Секоја пречка што ја ставаат политички партии, се мотив и енергија за независните

Дејан Дејан

Пеплоасни 15-на хекари зимзелена и нискостеблеста шума во пожарот кај Кочани

Дејан Дејан

Илиевска: Ако во 2017 година не нè перцепирале нас независните, денес се фокусирани да направат сè да не успееме

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе