Вести Македонија Најважни

Само Љупчо Коцевски го помина филтерот – Советот на јавни обвинители ги отфрли кандидатурите на Фетаи и Раичевиќ

Од тројца кандидати само Љупчо Коцевски го помина филтерот во Советот на јавни обвинители во борбата за тоа кој ќе го наследи Љубомир Јовески на функцијата државен јавен обвинител. Коцевски доби едногласно позитивно мислење и сите членови на советот имаа само пофални зборови за него за време на дискусијата.

„Се работи за кандидат кој што има интегритет, кој што псоедува углед и етичност во извршувањето на функцијата. Негува добри меѓучовечки односи во текот на своето работење. Лично се ангажира на стручно усовршување, а исто така членовите на советот едногласно сметаат дека поседува и организаторски способности“, изјави Душица Димитриевска, претседател на Совет на јавни обвинители.

За разлика од Коцевски, за обвинителката Лидија Раичевиќ сите дадоа негативно мислење.  Обвинителите кои се вклучија во дискусијата ја пофалија за поднесената стратегија за тоа како би ја извршувала функцијата, но сметаа дека Раичевиќ пред се не би можела да се носи со организација на институцијата.

„Во поглед на Лидија Раичевиќ Советот на јавни обвинители даде негативно мислење“, посочи кратко Димитриевска. 

Еден од обвинителите и замери на Раичевиќ дека последниот случај кој го работела завршил со ослободителна пресуда. Друг нафрли дека тоа не единствениот случај. Обвинителката Фатиме Фетаи од старт отпадна поради некомплетна документација.

„Потврда и фали за деловна способност“, додаде Димитриевска. 

Фетаи пак вели дека познавање на македонскиот јазик и деловна способност се претпоставуваат, инаку како би можел некој да биде јавен обвинител. Таа притоа го повика советот да одговори и да покаже на јавноста колку од сите избрани обвинители имаат доставено уверение за деловна способност.

„Ако за двете работи Советот на јавни обвинители смета дека мора да се докажуваат со посебен документ, тогаш ниту една од досега поднесените кандидатури не е комплетна, бидејќи никој не доставил уверение за познавање на македонски јазик. Впрочем јас доставив и лекарско уверение, каде што јасно и гласно пишува дека сум психофизички способна за да ја извршам оваа работа.  сметам дека Советот на јавни обвинители треба уштте еднаш да ја преиспита својата одлука. сите сме луѓе и некогаш можеме да згрешиме, ненамерно“, вели Фетаи.

Владата ќе треба избраниот кандидат од страна на Советот на јавно обвинители да го одобри и потоа предлогот да оди на гласање во Собрание.

Марија Митевска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Калајџиев: Сите влади кај нас практикувале реформски илузионизам, давајќи лажна надеж дека со измена на закони ќе се подобрат состојбите

Дејан Дејан

Петковска: Организацијата на судењето за пожарот во „Пулс“ ќе биде голем предизвик за Кривичен

Дејан Дејан

Трамп: Разочаран сум од Путин

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе