Вечерва во Топ Тема, интервју со обвинителката Лидија Раичевиќ, која беше кандидатка за државен јавен обвинител.
„Доста е од сите можни инсталации и од сите можни манипулации, колку и да се обидуваат во иднина сами по себе ќе излезат, можеби нема да бидам јас во Обвинителството, но ќе дојде време кога вистинските вредности ќе се вреднуваат и самите членови во советот ќе кажат: „Да ова е одличен кандидат“. Можеби и сега е таков случајот, јас не го познавам колегата Љупчо Коцевски“, вели таа.
На прашањето за кави манипулации станува збор таа го објасни случајот кога врз основа на нејзин научен став таа не добила можност за да го продолжи својот мандат во Обвинителството за организиран криминал.
„Јас бев во Организиран криминал 4 години и тогаш добив еден записник, реков се бавам и со научна работа. Во кој се велеше дека еден мој научен став за одредена инстанца во обвинителството дали треба да постои и да се преиспитаат односите на хиерархија и субординација. И тоа беше искористено како аргумент да не добијам нов мандат во организиран криминал. Бидејќи таа аргументација ја нема својата сила на факти, тврдат нешто што е точно, јас ја сметам за дисквилификационен момент којшто е резултат на некаков договор јас на секој начин да бидам отстранета од Обвинителството за организиран криминал“, рече Раичевиќ.