Вести Македонија

Квазипатриотизам шират преку крстот на Попова Шапка- врвот на Одбрана за игрите на Касами

Крстот на Шар Планина и етничките односи не треба како квазипатриотизам да се користат за политичко-партиски поени, одговори раководниот двоец во министерството за одбрана на прашањето дали зад одлуките на Касами за уривање на крстот се кријат дури и руски агенди за немирен Балкан.

Тетовскиот градоначалник Билал Касами пак денеска одби да одговара на новинарски прашања за одлуката на општинската администрација да прогласи верски симбол за дивоградба.

Тетово е преубав град под Шара, а има толку многу проблеми. Секој да се насочи кон решавање на тие проблеми, така и локалната самоуправа во Тетово. Ова е пораката која денеска ја испрати министерката за одбрана Славјанка Петровска запрашана за одлуката за отстранување на крстот на Попова Шапка.

„Членка на ЕУ не се станува со кревање на сопствените рејтинзи, се станува со мудри политички одлуки, па дури и тоа да значи страдање на сопствените рејтинзи, но тоа треба да се донесе. Најдобро е да се држиме сите до тоа што ни е надлежност во нашето работење. За жал во Тетово еден прекрасен град под Шара има толку многу проблеми кои локалната самоуправа треба да ги реши така што нека се зафатат час поскоро со средувањето, разубавувањето на градот и конечно изградбата на паркот кој толку многу тетовачани го сакаат, а не со некои други теми. Враќањето назад не носи добро никому“, изјави министерката Славјанка Петровска, која е од СДСМ.

На прашањето се надоврза и заменик-министерот за одбрана Тирон Јајага.

„Крстот или џамии да се во прашање не се предмет на Министерството за одбрана туку станува случај за предмети кои се во надлежност на о. Тетово. По однос на такви квази патриотски укажувања од страна на градоначалникот сметам дека квази патриотизам не поминува, затоа што гледајќи на политичката претходнос на сегашниот градоначалник на Тетово мислам дека едното не е поврзано со другото, така што мислам дека сега е време на луѓето да им се даде иднина, за нашите деца, да ги оставиме овие прашања да бидат средени како што треба“, изјави Тирон Јајга, заменик-министер за одбрана.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Абдулахи: Секоја пречка што ја ставаат политички партии, се мотив и енергија за независните

Дејан Дејан

Пеплоасни 15-на хекари зимзелена и нискостеблеста шума во пожарот кај Кочани

Дејан Дејан

Илиевска: Ако во 2017 година не нè перцепирале нас независните, денес се фокусирани да направат сè да не успееме

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе