Советот на јавни обвинители дава мислење за пријавени кандидати за именување на јавен обвинител. На огласот за нов државен јавен обвинител пријавени се тројца кандидати – Фатиме Фетаи од Вишото јавно обвинителство Скопје, Лидија Раичевиќ од Основното јавно обвинителство Скопје и Љупчо Коцевски од Јавното обвинителство.
- За Фатиме Фетаи документите се некомплетни од тие причини сметам дека не треба да се стави овој кандидат на гласање.
Едногласно донесоа заклучок дека нема да ја гласаат Фатиме поради некомплетна документација.
Советот на ЈО, согласно законските рокови, треба во рок од 15 дена да даде позитивно или негативно мислење до Владата, по што Владата до Собранието предлага еден од кандидатите што добил позитивно мислење.
Собранието го објави огласот на 29 ноември годинава, откако пратениците ја изгласаа одлуката за именување нов јавен обвинител.
На актуелниот државен јавен обвинител Љубомир Јовески му истекува мандатот на 25 декември, а Советот на ЈО на седница минатата недела ја избра обвинителката Соња Симовска од Државното јавно обвинителство за вршител на дожноста до завршување на изборот.