Вести Македонија Најважни

Фатиме Фетаи бара одговор од Советот на јавни обвинители колку кандидати доставиле уверение за деловна способност

Обвинителката Фатиме Фетаи од старт отпадна од трката за државен јавен обвинител поради некомплетна документација.

Таа дека познавање на македонскиот јазик и деловна способност се претпоставуваат, инаку како би можел некој да биде јавен обвинител.

Фетаи го повика советот да одговори и да покаже на јавноста колку од сите избрани обвинители имаат доставено уверение за деловна способност.

Таа притоа вели и дека никој од кандидатите не доставил уверение за познавање на македонски јазик.

„Впрочем јас доставив и лекарско уверение, каде што јасно и гласно пишува дека сум психофизички способна за да ја извршам оваа работа.  сметам дека Советот на јавни обвинители треба уштте еднаш да ја преиспита својата одлука. сите сме луѓе и некогаш можеме да згрешиме, ненамерно“, вели Фетаи.

Од тројца кандидати само Љупчо Коцевски го помина филтерот во Советот на јавни обвинители во борбата за тоа кој ќе го наследи Љубомир Јовески на функцијата државен јавен обвинител. Коцевски доби едногласно позитивно мислење и сите членови на советот имаа само пофални зборови за него за време на дискусијата.

За разлика од Коцевски, за обвинителката Лидија Раичевиќ сите дадоа негативно мислење.

Само Љупчо Коцевски го помина филтерот – Советот на јавни обвинители ги отфрли кандидатурите на Фетаи и Раичевиќ

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Калајџиев: Сите влади кај нас практикувале реформски илузионизам, давајќи лажна надеж дека со измена на закони ќе се подобрат состојбите

Дејан Дејан

Петковска: Организацијата на судењето за пожарот во „Пулс“ ќе биде голем предизвик за Кривичен

Дејан Дејан

Трамп: Разочаран сум од Путин

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе