Вести Македонија Најважни

Новата цена на струјата регулаторна треба да ја соопшти денеска

Регулаторната комисија за енергетика треба да одлучи дали ќе го прифати или не предлогот на ЕВН Хоум за новата цена на струјата.

Доколку тој е прифатлив регулаторите се очекува да соопштат колкави сметки за струја ќе плаќаат граѓаните од јануари.

Доколку пак не биде прифатена предлогот повторно ќе биде вратен до ЕВН. Според предлог одлуките на Комисијата, цената на услугата на Електродистрибуција се зголемува за 13,37 отсто, на Мепсо за 13, 37 проценти и на Мемо за речиси 36 отсто, но ова енергетско тело има најмало учество во крајната цена за домаќинствата и малите потрошувачи.

Од друга страна според информациите во сметките ќе има намалување на мрежарината, на сметка на нова ставка, пристап до мрежа, која ќе ја плаќаат лицата кои поседуваат празни викендици, куќи, станови. ЕСМ пак од јануари својата струја на ЕВН ХОУМ ќе му ја продава по 57 евра за мегават час или 7, 5 отсто поскапо од претходно.

И додека дома се крои новата цена на струјата, на берзите поради Католичкиот Божиќ има сериозно поевтинување. На унгарската  ХУПЕКС,  вчера таа изнесуваше речиси 6 евра за мегават час. Според, познавачите ниски суми може да се очекуваат до Нова Година, па потоа да има раст.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Расправа за ребеланс на буџет

Дејан Дејан

Прегазен на пешaчка патeка пред владата

Дејан Дејан

Eвакуирано селото Грчиште

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе