Вести Економија Македонија

Се чека да биде соопштена новата цена на струјата

Новата цена на струјата треба да се соопшти на почетокот од идната недела. Во Регулаторната комисија во петокот се одржа подготвителна седница на која според информациите, енергетските компании излегле со забелешки во однос на предлог одлуките на регулаторите.

Според одлуките на комисијата, цената на услугата на Електродистрибуција се зголемува за 13,37 отсто, на Мепсо за 13,37 % и на Мемо за речиси  36 отсто, но ова енергетско тело има незначително учество во крајната цена за домаќинствата и малите потрошувачи.

Од друга страна пак според информациите, во сметките за струја ќе има поевтинување на мрежарината, за која изминатиот период доста граѓани реагираа дека во фактурите плаќаат повеќе за тоа, отколку за потрошената струја. Но паралелно се издвојува нова ставка за пристап до мрежа која ќе ја плаќаат оние со празни викендички, куќи станови.

ЕСМ пак од јануари на ЕВН ХОУМ ќе и ја продава својата струја за 57 евра за мегават час, што е за 7,5 отсто поскапо од претходно. Ова се речиси главните параметри кои влијаат на крајната цена на електричната енергија. Но, дали ќе има некое поевтинување, зголемување или пак ќе остане иста, ќе се знае за неколку дена. Новата цена ќе важи од јануари.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Две жртви на временски непогоди во Италија – црвен метеоаларм во 18 градови

Дејан Дејан

Опасната бактерија листерија во маслинки во Германија – повлечена цела серија од два ланци на маркети

Дејан Дејан

Сончево и топло со мала до умерена локална облачност – Временска прогноза за 2.7.2025

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе