Спорт Фудбал

Кејн постави нов рекорд во Европа

Англискиот репрезентативец во дресот на Баерн, Хари Кејн по вчерашниот дуел против Штутгарт во која Баварците славеа со 3:0, собори уште еден рекорд.

Кејн беше двоен стрелец за Баерн и за него ова беше 20. погодок во дресот на тимот од Минхен и стана првиот фудбалер на кој му требаа најмалку натпревари да стигне до оваа бројка.

Англичанецот до 20. гол стигна по само 14 натпревари додека досегашниот рекордер Уве Зелер требаше да одигра 20 меча во сезоната 1963/1964.

Зад водечката двојка е напаѓачот на Манчестер Сити, Ерлинг Халанд кој за да стигне до бројката од 20 гола мораше да одигра 21 натпревар.

ФОТО: Игор Паневски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ѓоковиќ: Се замислувам во пензија на плажа со Федерер и Надал како пиеме коктели

Дејан Дејан

Македонските ракометари останаа без пласман во главната фаза на младинското СП

Дејан Дејан

Рекордни 20 екипи во новата сезона на Евролигата

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе