Спорт Фудбал

Барселона бара замена за Левандовски

Проблемот со ефикасноста на фудбалерите на Барселона очигледно станува хроничен и токму поради тоа тренерот на Каталонците, Чави како приоритет во текот следните трансфер периоди ќе има ангажман на еден класичен напаѓач.

Според некои медиуми во Шпанија, Барселона на крајот од сезоната е подготвена да ја прекине соработката со Роберт Левандовски, кој најверојатно кариерата ќе ја продолжи во Саудиска Арабија, а на листата на потенцијални засилувања во моментов се три имиња.

Како најсериозна опција се споменува името на Луис Опенда од Лајпциг, кој е фаворит на спортскиот директор Деко.

Тука е фудбалерот на Лил, Џонатан Давид кој е единствениот од потенцијалните засилувања за кој се знае сумата што треба да се издвои за комплетирање на трансферот. Доколку Барселона сака да го ангажира Давид ќе мора да плати обештетување од 40 милиони евра.

И како последна варијанта се споменува името на репрезентативецот на Мексико, Сантијаго Хименез кој сезонава игра во голема форма во дресот на Феенорд и е еден од најдобрите стрелци на Стариот континент.

ФОТО: Игор Паневски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ѓоковиќ: Се замислувам во пензија на плажа со Федерер и Надал како пиеме коктели

Дејан Дејан

Македонските ракометари останаа без пласман во главната фаза на младинското СП

Дејан Дејан

Рекордни 20 екипи во новата сезона на Евролигата

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе