Вести Свет

Зеленски: Одложувањето на помошта за Украина за Путин е остварување на сонот

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска во Вашингтон предупреди дека одложувањето на воената помош за Украина е „остварување на сонот“ за рускиот претседател Владимир Путин.

Путин мора да ја изгуби војната, рече Зеленски во Вашингтон и додаде дека САД можат „да сметаат на Украина“ со надеж дека неговата земја може да смета и на САД.

Зеленски изрази надеж дека ќе добие нов пакет помош, но за тоа има жестока дебата во американскиот Конгрес.

Тој на Х информира дека посетата на САД ја почна со средба со американскиот секретар за одбрана Лојд Остин и началникот на Здружениот Генералштаб, генерал Чарлс Браун на Универзитетот за национална одбрана на САД.

Разговаравме за глобалните безбедносни предизвици, ситуацијата на фронтот и понатамошната американско-украинска одбранбена соработка. Благодарен сум им на САД за спроведувањето на нашите договори, особено на оние за зајакнување на нашата воздушна одбрана, како и на секретарот Остин и генералот Браун за нивното лично водство, напиша Зеленски.

Како што беше најавено претходно, Зеленски утре во Белата куќа треба да разговара со американскиот претседател Џозеф Бајден.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Калајџиев: Сите влади кај нас практикувале реформски илузионизам, давајќи лажна надеж дека со измена на закони ќе се подобрат состојбите

Дејан Дејан

Петковска: Организацијата на судењето за пожарот во „Пулс“ ќе биде голем предизвик за Кривичен

Дејан Дејан

Трамп: Разочаран сум од Путин

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе