Обединетите нации денеска повторно предупредија за катастрофалната хуманитарна состојба во Газа. Генералниот секретар на светската организација уште еднаш побара прекин на огнот во појасот и изрази жалење за ветото на резолуцијата во Советот за безбедност.
Според Гутереш задравствениот систем и јавниот ред и мир во Газа се пред колапс, и предупреди дека постои значителен ризик од целосен колапс и на хуманитарниот систем.
Ситуацијата брзо се влошува во катастрофа со потенцијално непоправливи последици врз Палестинците и мирот и стабилноста во регионот. Го повискувам Советот за безбедност да изврши притисок за да се избегне хуманитарна катастрофа и го повторувам мојот повик за прогласување хуманитарен прекин на огнот. За жал, Советот не успеа, но тоа не го прави помалку неопходно. Значи, јас можам да ветам дека нема да се откажам, порача гутереш.
Светската програма за храна, која е дел од Обединетите нации, објави фрапантни податоци за ситуацијата во Газа. Според нив, половина од популацијата на појасот гладува, а 9 од 10 Палестинци немаат ниту по еден оброк во текот на денот.
Израелската армија напредувајќи кон Кан Јунис, им нареди на Палестинците да го напуштат градот, откако претходно ги упатуваше таму додека навлегуваше во северниот дел на Газа.
Поради тоа, Светската здравствена организација фокусот го насочи и кон ужасните санитарни услови во Газа.
Како се повеќе и повеќе луѓе бегаат во се помала и помала област, пренатрупаноста во комбинација со недостатокот на адекватни количини на храна, вода, засолништа и санитација, се создаваат идеални услови за ширење на заразни болести. Во просек, има еден туш на 700 лица и еден тоалет на 150 лица, изјави генералниот директор на сзо тедрос аданом гебрејесус.
Директорот на агенцијата за палестинските бегалци на ООН, Филип Лазарини, ситуацијата во Газа ја спореди со пекол. Раселени се дури 90 проценти од популацијата на појасот а милион од нив се засолнуваат во преполните бегалски кампови на ООН.
ООН се доведени до границата на своите способности. Имаме повеќе од 1 милион луѓе кои живеат во пренатрупаните кампови под знамето на ООН. Луѓето доаѓаат барајќи заштита, а дури и синото знаме веќе не гарантира заштита во Газа, рече лазарини, директорот на унрва.
Катарскиот премиер, Мохамед бин Андулрахман бин Џасим Ал Тани, со чие посредување беше прогласен досега единствениот прекин на огнот во Газа, порача дека нема да се откажат од напорите да биде постигнат мир во појасот, иако израелските напади го отежнуваат тоа.
Игор Трајков