Вести Свет

Шолц: Германија треба да биде подготвена за континуирана помош за Киев до 2025 година

Германскиот канцелар Олаф Шолц повтори дека светот се соочува со долготрајна војна во Украина по руската инвазија во февруари 2022 година, велејќи дека Германија треба да биде подготвена да продолжи да му помага на Киев до 2025 година.

Затоа, доколку е потребно и другите се повлечат, ние мора да можеме да дадеме уште поголем придонес, истакна германскиот канцелар во услови кога неговата земја се соочува со буџетска криза.

Шолц денеска изјави дека е уверен дека неговата влада ќе најде добро решение за буџетската криза предизвикана од судската одлука минатиот месец и вети пред членовите на неговата централно-левичарска партија дека нема да има распад на „социјалната држава“.

Лидерите на трипартиската коалиција на Шолц се расправаат за пари откако највисокиот суд во Германија ја укина одлуката за пренасочување на 60 милијарди евра првично наменети за ублажување на ефектите од пандемијата Ковид-19 кон мерките за помош во борбата против климатските промени и модернизација на земјата.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Калајџиев: Сите влади кај нас практикувале реформски илузионизам, давајќи лажна надеж дека со измена на закони ќе се подобрат состојбите

Дејан Дејан

Петковска: Организацијата на судењето за пожарот во „Пулс“ ќе биде голем предизвик за Кривичен

Дејан Дејан

Трамп: Разочаран сум од Путин

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе