Рускиот претседател владимир путин најави дека ќе се кандидира за уште еден мандат на претседателските избори, кои треба да се одржат во март идната година. Откако ги одликуваше воените ветерани кои се бореле во Украина со највисоката руска воена чест, златната ѕвезда херој на Русија.
Путин е на власт како претседател или премиер на Русија од крајот на минатиот век, што го прави лидер на Кремљ со најдолг стаж по Јосиф Сталин.
Во април 2021 година, тој потпиша закон што му дозволува да се кандидира за уште два шест-годишни мандати.
Претседателските избори во Русија се закажани за 17 март 2024 година.