Вести Најважни Свет

СБ на ОН не изгласа итен прекин на огнот меѓу Израел и Газа, САД стави вето

Не помина барањето за прекин итен прекин на огнот во Советот за безбедност на ОН. По неколку одложувања на гласањето членките не успеаа да се договорат по резолуцијата која ја предложија Обединетите арапски емирати. САД ставија вето.

За да биде успешно изгласана за неа требаше да гласаат девет од 15 членки без притоа да биде ставено вето. Но уште пред да биде гласањето САД кажаа дека нема да дадат поддршка, а Велика Британија рече дека ќе гласа воздржано.

Палестинците бараа од Советот за безбедност на Обединетите нации да ја усвои резолуција која дојде откако генералниот секретар Антонио Гутереш се повика на членот 99 од Повелбата на ОН за прв пат од 1971 година… Гутереш рече дека постои висок ризик од целосен колапс на системот за хуманитарна поддршка во Газа…

Оваа војна е дел од нападот да се стави крај на палестинскиот народ како нација и да се уништи прашањето за Палестина. Ако не ја делите оваа цел, мора да застанете против војната, порача Ријад Мансур, палестински амбасадор во Обединетите нации.

Израелскиот амбасадор Гилан Ердон го прекори Советот што воопшто го разгледа гласањето. Според него иронијата е во тоа што регионалната стабилност и безбедноста и на Израелците и на жителите на Газа може да се постигнат само откако Хамас ќе биде елиминиран. Соединетите Американски Држави порачаа дека ќе гласаат против нацрт-резолуцијата во 15 членото тело…

 Иако Соединетите Држави силно поддржуваат траен мир во кој и Израелците и Палестинците ќе можат да живеат во мир и безбедност, ние не ги поддржуваме повиците за итен прекин на огнот. Ова само ќе го засади семето за следната војна бидејќи Хамас нема желба да видиме траен мир, да видиме решение со две држави, изјави Роберт Вуд, заменик амбасадор на САД во Обединетите нации.

Опишувајќи ја катастрофалната ситуација во појасот Газа два месеци по почетокот на израелското бомбардирање на палестинската енклава, здравствената агенција на ОН соопшти дека „цивилизацијата е пред распаѓање“, а Интензивното израелско бомбардирање на Газа продолжува да ги попречува итно потребните операции за помош…

Децата и луѓето всушност молат и плачат за вода. Ние сме на ниво каде што веќе најнормалните и основните достави на залихи повеќе не се возможни. Кристијан Линдмајер, портпарол на СЗО.

Во моментов, само 14 од 36 болници во Појасот Газа се функционални и можат да примаат нови пациенти, но услугите се ограничени. Само од нив се на северот од земјата. Двете големи болници во јужниот дел на Газа работат три пати над нивниот капацитет, соочени со критичен недостиг на основни залихи на медикаменти и гориво.

Александар Петрески

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пукање во центарот на Штип- еден повреден, напаѓачот во бегство

Дејан Дејан

Политички актер кои прифатил сервилност во Владата вака Села ги коментира изјавите на Таравари

Дејан Дејан

Американецот Роберт Превост е новиот папа со името Лaв XIV

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе