Вести Свет

Блинкен: Воената помош за Украина ќе создава раст и работни места во САД

Соочени со големиот политички отпор за понатамошна помош за Украина, американската влада сега користи економски аргументи за кампања за понатамошна поддршка за Киев, јавува денеска германската новинска агенција ДПА.

По вчерашниот состанок со неговиот британски колега Дејвид Камерон во Вашингтон во американскиот државен секретар Антони Блинкен рече: Ако ги погледнете инвестициите што ги направивме во одбраната на Украина за да се справиме со оваа агресија, 90 отсто од безбедносната помош што ја обезбедивме всушност е потрошена овде, во САД, со нашите производители.

Блинкен нагласи дека ова „создаде повеќе американски работни места, поголем раст во нашата сопствена економија“.

– Ова е во прилог на важноста на поддршката за Киев за глобалната политика и националната безбедност на САД, додаде Блинкен.

САД се најважниот воен поддржувач на Украина во одбраната од руската инвазија. Од почетокот на војната во февруари 2022 година, САД обезбедија милијарди долари воена помош за Киев. Сепак, ослободувањето на поголема помош е блокирано од внатрешнополитичкиот спор меѓу демократите и републиканците во Конгресот.

Многу републиканци изразуваат сомнеж за поддршката за Украина или целосно ја одбиваат.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Калајџиев: Сите влади кај нас практикувале реформски илузионизам, давајќи лажна надеж дека со измена на закони ќе се подобрат состојбите

Дејан Дејан

Петковска: Организацијата на судењето за пожарот во „Пулс“ ќе биде голем предизвик за Кривичен

Дејан Дејан

Трамп: Разочаран сум од Путин

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе