Мохамед Салах, Ашраф Хакими и Виктор Осимен се тројцата фудбалери кои останаа во трката за признанието најдобар на африканскиот континент за годинава што изминува.
Египќанецот, Салах беше меѓу најдобрите фудбалери на Ливерпул, Хакими го носеше дресот на Пари Сен Жермен и се вбројува меѓу лидерите во репрезентацијата на Мароко додека Нигериецот, Осимен беше најзаслужен за шампионската титула на Наполи.
Признанието на најдобриот фудбалер на Африка ќе се додели на 11 декември во Маракеш.
ФОТО: Игор Паневски