Вести Економија

Новогодишно кратење на платите на функционерите – обид или ветување на власта

Вработените во Министерството за финансии од следниот месец нема веќе да добиваат 30% повисока плата. Уставниот суд поведе постапка за член од Законот за буџети, со кој се регулира надополнувањето на платата кај вработените во Министерството за финансии и други органи. Судот се сомнева во уставноста на сегашното посебно правило, со кое вработените во овие институции добиваат 30% како надополнување на основната плата. За судот е нејаснен и неразбирлив поимот „надополнување на плата“. Вработените во овие институции со месеци добиваат 30% повисоки плати, а дали досегашните пари ќе ги враќаат Уставен допрва ќе одлучува.

„Судот цени дека со одредбата неосновано е уредено посебна група на вработени да добиваат определен износ изразен во проценти, врз основа на исплатата на специфични задачи и посебна одговорност. Тоа значи дека со оваа одредба се ставаат во повластена положба само вработените кои се опфатени со оспорениот член и автентичното толкување, наспорти сите други вработени кај буџетските корисници што е основ за сомнеж и во поглед на членот 9 став 2 од Уставот кои што определува дека сите граѓани се еднакви пред уставот и пред законите “, вели Христина Беловска портпаролка на Уставен суд.

Од финасии за Телма велат дека нема да ја коментираат оваа одлука на судот.

„Нема да коментираме судски одлуки и ќе ја чекаме конечната одлука на Уставниот суд за толкување на Законот за буџети од страна на Собранието на РС Македонија“, велат од Министерство за финансии.

Во меѓувреме, неизвесно е што ќе се случува со функционерските плати. Министерската Тренчевска е убедена дека до крајот на годинава ќе се најде решение за намалување на функционерските плати.  И таа како и премиерот Ковачевски тврди дека  тоа е сложен процес, но дека не е невозможно да се намалат примањата на функционерите кои, исто така со одлука на Уставниот суд, скокнаа  за 78 отсто.

„Комплексно и тешко е меѓутоа не е невозможно и не се откажувам од тоа до крајот на годината да се најде решение за намалување на платите на функционерите“, вели Јована Тренчевска- министерска за труд и социјала.

Покрај Премиерот и министрите подлабоки паричници добија и Претседателот на државата, судиите, обвинителите, градоначалниците, директорите од државните и јавните претпријатија.  Ваквата одлука ги разгневи сите останати категории на граѓани, особено вработените во јавниот сектор, но и пензионерите, кои измнатиот период изелгоа на блокади и бараа зголемување на нивните примања.

Симона Петровска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Раст на приходите од патарини во првото полугодие

Дејан Дејан

Обвинение за директорот на Геријатрија- се товари дека побарал мито 20.000 евра

Дејан Дејан

Пожарот над Кочани сè уште активен, на терен над 30 пожарникари

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе