Спорт Фудбал

Заинтересираните клубови остануваат со празни раце, Осимен со нов договор во Наполи

Според пишувањето на медиумите во Италија, преговорите меѓу Виктор Осимен и Наполи влегоа во завршна фаза и нигерискиот репрезентативец е многу блиску до продолжување на договорот.

Еден од најдобрите фудбалери во составот на шампионот на Италија се поврзуваше со евентуален трансфер во Премиер лигата, а како заинтересирани страни се споменуваа Ливерпул, Арсенал, Челзи и Манчестер Јунајтед, но очигледно дека Осимен и по завршувањето на сезоната ќе остане во Неапол.

Осимен до крајот на актуелниот договор има уште 18 месеци, а според најавите тој ќе ја продолжи соработката на уште најмалку една година, а се очекува и да се зголеми откупната клаузула за предвремен раскин.

Од доаѓањето во Наполи во текот на летото 2020 година, Осимен на 113 натпревари постигна 65 гола во сите конкуренции и се смета за еден од најзаслужните за првата титула која беше освоена по пауза од 32 години.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ѓоковиќ: Се замислувам во пензија на плажа со Федерер и Надал како пиеме коктели

Дејан Дејан

Македонските ракометари останаа без пласман во главната фаза на младинското СП

Дејан Дејан

Рекордни 20 екипи во новата сезона на Евролигата

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе