Вести Свет

Вучиќ: Белград никогаш нема да ги напушти Србите кои живеат во Косово

Косово еднострано се отцепи од Србија и прогласи независност во 2008 година. Белград одбива да го признае потегот, а разговорите за нормализирање на односите олеснети од Европската унија се во ќор-сокак, порача српскиот претседател Александар Вучиќ на партиски собир во пресрет на изборите закажани за 17ти декември.

Според него ситуацијата дополнително се влошила по смртоносната престрелка на 24 септември, кога српските вооружени лица се судрија со косовската полиција при што загинаа еден косовски офицер и тројца Срби.

Во Косово и Метохија има тешки времиња. Сигурен сум дека ќе биде уште потешко. Но, ние никогаш нема да се откажеме од нашиот народ, никогаш нема да му го свртиме грбот и сакам да ги поздравам браќата и сестрите во Косово и Метохија. Ние имаме добри односи со НАТО, ќе се обидеме да остане така. Но, тоа не значи дека ја заборавивме 1999 година и тоа ќе го одбележуваме секоја година и ќе ги потсетуваме луѓето што се случи. Сакаме воено да останеме неутрални, самите да си го зачуваме небото, самите да си ја зачуваме државата, самите да ги зачуваме животите на луѓето од оваа земја. Нашата армија ќе биде посилна, што и да кажат. Не затоа што сакаме да нападнеме некого, туку никој никогаш повеќе да не нè напаѓа, порача Вучиќ.

Во војната меѓу Србија и Косово од 1998 до 1999 година загинаа околу 13.000 луѓе, главно косовски Албанци.

Таа заврши по 78-дневните бомбардирање на НАТО што ги принуди српските сили да се повлечат од Косово.

Вучиќ водеше кампања за владејачката Српска напредна партија, иако се повлече од лидерската функцијата.

Предвидувањата се дека партијата повторно ќе победи на парламентарните избори.

Опозицијата, сепак, се надева дека ќе го освои мнозинството гласови во Белград, што е нејзино традиционалното упориште.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Израел се заканува со еднострани мерки при признавање на палестинска држава

Дејан Дејан

Скопје и Скопскиот регион зафатени со врнежи од дожд и засилен западен ветер

Дејан Дејан

Трамп го повика Киев да преговара со Моксва за прекин на огнот

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе