Вести Свет

Охридскиот договор да се вклучи во преговарачката рамка за Србија предлага ЕУ

Европската унија формално ќе побара од Европската комисија да ги вклучи обврските од договорот за патот кон нормализација на односите меѓу Србија и Косово, во преговорите за членство меѓу Белград и Брисел.

Во нацрт-заклучоците, во кои Радио Слободна Европа имало увид се вели дека „Советот бара од Комисијата и високиот претставник итно да му предложат на Советот, пред крајот на јануари 2024 година, измени и дополнувања на критериумите за Поглавјето 35 од пристапните преговори на Србија“.

Овие заклучоци треба ги усвојат министрите за европски прашања на состанокот на Советот за општи работи на 12 декември.

Истите заклучоци потоа се очекува да ги потврди и Европскиот совет на самитот на европските лидери што ќе се одржи на 14 и 15 декември.

Поглавјето 35 во пристапните преговори меѓу Србија и Европската унија ги вклучува односите со Косово.

ЕУ редовно предупредува дека брзината на пристапниот процес со Србија зависи од напредокот во дијалогот за нормализација на односите.

Србија и Косово на 27 февруари постигнаа договор за патот кон нормализација на односите. На 18 март во Охрид беше договорен анекс за имплементација на овој договор.

Иако Белград и Приштина не го потпишаа договорот, ниту анексот за спроведување, според изјавата на високиот претставник на ЕУ за заедничка надворешна политика и безбедност Жозеп Борел, договорот се смета за правно обврзувачки за двете страни.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Абдулахи: Секоја пречка што ја ставаат политички партии, се мотив и енергија за независните

Дејан Дејан

Пеплоасни 15-на хекари зимзелена и нискостеблеста шума во пожарот кај Кочани

Дејан Дејан

Илиевска: Ако во 2017 година не нè перцепирале нас независните, денес се фокусирани да направат сè да не успееме

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе