Вести Македонија Свет

Во Вашингтон обид за кражба на автомобил на македонската амбасада во САД

Автомобил марка Киа регистриран на македонската амбасада во САД, бил цел на обид за кражба во Вашингтон, пред две ноќи.

Информацијата ја објави Алан Хени, новинарот од главниот град на САД, кој е специјализиран за известување за криминал и црна хроника во Вашингтон.

Тој во објавата на Твитер напиша дека федералната тајна служба (задолжена за безбедност на дипломатите во Вашингтон и за испитување на кривични дела поврзани со дипломатите во САД) ја истражува кражбата при која е оштетен системот за палење на автомобилот откако крадците не успеале да ја реализираат својата цел.

Инцидентот се случил во областа Тракстон Серкл во главниот град на САД, на околу 4 километри растојание од Амбасадата на Македонија во САД. Тракстон Серкл е во центарот на Вашингтон, а станува збор за област во која е безбедно и сигурно во текот на денот, додека во ноќните часови не се препорачува пешачење низ населбата поради голем број на бездомници и агресивни питачи. Квартот каде живеел службеник од македонската амбасада е опишан и како едно од најдобрите места за живеење на млади професионалци во Вашингтон.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Абдулахи: Секоја пречка што ја ставаат политички партии, се мотив и енергија за независните

Дејан Дејан

Пеплоасни 15-на хекари зимзелена и нискостеблеста шума во пожарот кај Кочани

Дејан Дејан

Илиевска: Ако во 2017 година не нè перцепирале нас независните, денес се фокусирани да направат сè да не успееме

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе