Вести Свет

Во палестински напад во Ерусалим загинаа најмалку три лица- примирјето продолжено за уште еден ден

Три лица се убиени во палестински напад на автобуска станица на еден од влезовите во Ерусалим. Шест други се ранети, а тројца се уште се во критична состојба. 24-годишна жена почина на местото на нападот на кружниот тек Гиват Шаул, додека 73-годишен маж и жена на 60-годишна возраст биле прогласени за мртви во болница, каде биле прененеси по нападот. Според полицијата двајцата терористи кои биле вооружени пристигнале со возило и започнале пукаат кон цивилите на автобуската станица, по што биле неутрализирани.

Овој напад пак доаѓа во време кога примирјето меѓу Израел и Хамас е продолжено за уште еден ден, соопшти катарското Министерство за надворешни работи. Египет и Катар се залагаат  прекинoт на огнот да биде продолжен уште два дена.

  • Сакам да ја објаснам позицијата на владата, бидејќи паузата за ослободување на заложниците продолжува. Кога Хамас ќе престане да ослободува заложници, ќе ја прекинеме паузата и ќе ја продолжиме нашата кампања против Хамас во остварување на тие три главни цели – уништување на Хамас како одговор на масакрот на 7-ми октомври, враќање на сите заложници преку примена на немилосрден воен притисок врз нивните киднапери и обезбедување дека Појасот Газа никогаш повеќе не може да му се заканува на народот на Израел, рече Ејлон Леви, портпарол на израелската влада.

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен кој е во трета посета на Израел истакна дека дека примирјето во војната меѓу Израел и Хамас и размената на заробеници „произвеле резултати“ и дека се надева дека може да продолжи позитивниот тренд.

  • Од првиот ден, немилосрдно сме фокусирани на обидот да обезбедиме ослободување на заложниците од Газа и од Хамас. И видовме во последните недела многу позитивниот развој на заложниците кои се враќаат дома, се обединуваат со нивните семејства и тоа треба да продолжи денес, рече Ентони Блинкен, државен секретар на САД.

Хамас ослободува по 10 израелски заложници дневно во замена за 30 палестински затвореници, а Израел дозволува дополнителна помош за Газа.

Во текот на неколкудневното примирје беа разменети 70 израелски заложници, не сметајќи ги тројца кои имаат и руско државјанство, за 210 палестински затвореници. А надвор од договорот беа ослободени и околу 30 Тајланѓани.

Билјана Ставрова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Абдулахи: Секоја пречка што ја ставаат политички партии, се мотив и енергија за независните

Дејан Дејан

Пеплоасни 15-на хекари зимзелена и нискостеблеста шума во пожарот кај Кочани

Дејан Дејан

Илиевска: Ако во 2017 година не нè перцепирале нас независните, денес се фокусирани да направат сè да не успееме

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе