Вести Свет

ЛГБТ движењето прогласено за екстремистичка организација и забрането – одлука на рускиот Врховен суд

Рускиот Врховен суд денеска го прогласи меѓународно ЛГБТ движење за екстремистичка организација.

Меѓународното ЛГБТ движење е екстремистичка организација и треба да ги забраниме неговите активности во Русија, соопшти судијата, пренесува РИА Новости. Судијата додаде дека одлуката „треба да се спроведе веднаш“.

Прес-службата на судот за руските медиуми појасни дека на состанокот присуствувал само претставник на министерството за правда, а претставници на ЛГБТ заедницата не присуствувале на рочиштето.

Состанокот траел повеќе од четири часа и се одржал зад затворени врати, бидејќи бил класифициран како „таен“. Материјалите во предметот содржеле повеќе од 20 томови.

Барањето за прогласување на ЛГБТ движењето за терористичка организација го поднесе министерството за правда на Русија. Како што беше наведено во него, активностите на движењето на руска територија содржуваат „знаци и манифестации на екстремистичка ориентација, вклучувајќи поттикнување општествена и верска омраза“.

„Одлуката на Врховниот суд на Руската Федерација за прогласување на ЛГБТ движењето за екстремистичко нема да влијае врз животите на обичните луѓе од било која ориентација, бидејќи не се тие оние кои се забранети, туку „непријателската организација која ги користи како агенда““, изјави адвокатот Дмитриј Аграновски.

Тој не предвидува како ќе се развива во пракса по одлуката на Судот, но не верува дека има причини за загриженост.

„Не се забранети луѓе со одредена ориентација, туку одредена организација која користи агенда да се занимава со деструктивни активности. Таа не штити луѓе, туку, напротив, провоцира да потпаднат под репресија и да дојдат во конфликт со државата“, оцени Аграновски.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Абдулахи: Секоја пречка што ја ставаат политички партии, се мотив и енергија за независните

Дејан Дејан

Пеплоасни 15-на хекари зимзелена и нискостеблеста шума во пожарот кај Кочани

Дејан Дејан

Илиевска: Ако во 2017 година не нè перцепирале нас независните, денес се фокусирани да направат сè да не успееме

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе