Вести Свет

Осумдесет отсто од затворениците кои Израел планира да ги ослободи воопшто не се осудени – анализа на „Си-Ен-Ен“

Осумдесет отсто од 300-те Палестинци, кои се најдоа на списоците за ослободување, не се обвинети за злосторства, што значи дека официјално не се осудени или дека против не е подигнато обвинение, се вели во анализата на „Си-Ен-Ен“.

Американската ТВ куќа додава дека во израелските затвори во последните два-три месеца завршиле, речиси, 9.000 Палестинци. „Гардијан“ деновиве објави дека сите затвореници кои се меѓу потенцијалните за ослободување, освен четворица, доаѓаат од подрачјето на Западниот брег и од Ерусалим. Се додава дека Израел одбил да ги ослободи оние кои се осудени за убиства и дека мнозинството завршиле во притвор или затвор поради фрлање камења, оштетување имот и контакт со „непријателски“ организации.

Меѓу нив има и лица со сериозни обвинувања, како задавање на повреди со ладно оружје и изработка на експлозиви. „Гардијан“, исто така, наведува дека голем број од Палестинците се наоѓаат во т.н. Администативен притвор кој овозможува превентивно апсење врз основа на тајни докази и шестмесечно продолжување на затворот без подигнување на обвинение или судење.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Калајџиев: Сите влади кај нас практикувале реформски илузионизам, давајќи лажна надеж дека со измена на закони ќе се подобрат состојбите

Дејан Дејан

Петковска: Организацијата на судењето за пожарот во „Пулс“ ќе биде голем предизвик за Кривичен

Дејан Дејан

Трамп: Разочаран сум од Путин

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе