Утре ќе биде објавен новиот тендер за избор на изведувач за изградба на интерконекторот меѓу земјава и Грција, со должина од 123 километри. Предвидено е да се протега под Неа Месимвриа, кон Неготино преку Гевгелија и да ги поврзува двата системи за пренос на природен гас. Планот е да биде готов до средината на 2025 година. Делот од македонска страна чини 83 милиони евра и парите се обезбедени од меѓународните финансиски институции. Грчкиот оператор ДЕСФА го презеде и управувањето на делот од гасоводот кој што ќе поминува низ Македонија, откако беше избран на тендерот објавен од државната компанија НОМАГАС.