Вести Економија Најважни

Цената за домаќинствата и малите потрошувачи оди во рацете на ЕВН ХОУМ- Регулаторна повеќе нема да ја утврдува

Цената на струјата за домаќинствата и малите потрошувачи оди во рацете на ЕВН ХОУМ. Регулаторната комисија повеќе нема да ја пресметува и одредува. Тоа ќе биде задача на австриската компанија. Новината е во согласност со  закон за енергетика и ќе почне да важи од оваа година. Формулата за пресметка нема да се менува. Универзалниот снабдувач ќе ја утврди новата цена и ќе ја достави до РКЕ, каде регулаторите ќе кажат дали е корекна.

-Ние проверуваме како е применет  тарифниот систем. Дали трошоците за набавка се во ред,  за маржата, трошоците за маркет операторот. Ако не се добри ќе ги вратиме и ќе кажеме дека не се правилно применети тарифните системи, вели  Марко Бислимовски- претседале  на РКЕ

Неизвесно е дали со ваквата промена, цената на струјата  би била повисока или пак тоа нема да се случи, затоа што досега регулаторна дел од пријавените трошоци на енергетските компании не ги прифаќаше.  Освен што ќе направи проверка на одлуката, неизвесно е и дали регулаторите ќе можат да интервенираат во износот.

-Не знаеме и ние дали ќе може да интеревираме, првпат се применува ова и од сега ќе биде така, додава Бислимовски

Сепак, какви сметки ќе плаќаат граѓаните од јануари најмногу ќе зависи од тоа по која цена ЕСМ ќе ја продава својата струја на ЕВН ХОУМ, која сега изнесува 53 евра за мегават час. Според, владини извори, најверојатно ќе се намали затоа што за тоа има простор, но се уште е рано да се зборува. Се подготвува и нов повик за Универзален снабдувач на електрична енергија за малите потрошувачи и домаќинствата, затоа што на ЕВН му истекува петгодишниот договор. Дали ќе остане австриската компанија или пак може би ќе биде ЕСМ Продажба или некој  друг, ќе се знае до крајот на годинава. По правило оној кој ќе понуди најниска маржа, треба да биде новиот универзален снабдувач.

Ирена Чачкова 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Калајџиев: Сите влади кај нас практикувале реформски илузионизам, давајќи лажна надеж дека со измена на закони ќе се подобрат состојбите

Дејан Дејан

Петковска: Организацијата на судењето за пожарот во „Пулс“ ќе биде голем предизвик за Кривичен

Дејан Дејан

Трамп: Разочаран сум од Путин

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе