Вести Македонија Наука и здравје

Прво министерство за Вештачка Интелигенција – ОАЕ лидери во користењето на ВИ

Овој е робот е само еден од многуте овде. Има робот кој ви зборува, робот кој ве поздравува, дури и робот полицаец…Цел штанд има полицијата на Емиратите на Саемот  за да покажат дека и овој нивни колега може да ве запре и казни доколку возите пребрзо.

И ова е реалност во Емиратите затоа што пред шест години, во 2017-та, владата формирала Министерство за Вештачка интелигенција или како што официјално се нарекува Совет за дигитална економија на чело со министерот за вештачка интелигенција Омар Ал Олама. Целта на ова министерство е овој сектор да придонесе со 20 отсто од  бруто национална економија без нафта во наредните години. Ако го отворите сајтот на Министерството ќе ве пречека написот дека таканаречената Бела книга опфаќа информации за Мета Универзумот, како нов виртуелен свет кој им овозможува на корисниците да комуницираат едни со други со користење на различна технологија, виртуална и различна реалност. За причините за отварањето на Министерството, кое искрено не знам и дали некоја друга држава го има разговаравме со министерот Омар Ал Олама.

  • Ако ја погледнете еволуцијата на секоја технологија во изминатите 200 години, секогаш кога технологијата имала силно влијание врз општеството, се создавале министерства. Кога користевме дрва и јаглен за енергија, немаше такво министерство никаде во светот. Кога производството на струја стана толку важно за општествениот просперитет, насекаде се формираа министерства за енергетика во владите. Исто е и со авијацијата, пред да се измислат авионите немаше министерства за авијација, сега има такво министерство, има за Информатички технологии, за телекомуникација. Секогаш кога ќе се појави нова технологија, и има толку големо влијание, се создаваат такви министерски позиции. Не сакавме да следиме некој друг, рековме – ние ќе водиме, ние ќе имаме бенефит од оваа технологија, ќе се бориме против лошото и ќе видиме што ќе се случи., вели министерот. 

Со оглед на тоа што Емиратите се меѓу десетте земји со најголеми нафтени резерви и големо количини на прирпден гас но  и држава со најголемиот парк на фотоволтаици 3.3 милиони фотоволтаици се  поставени во соларниот парк Нур го прашав министерот каде Емиратите ја користат најмногу вештачката интелигенција

  • Кога говориме за одговорна Вештачка Интелигенција (ВИ), зборуваме за неконтроверзна употреба на ВИ, која ќе го подобри квалитетот на животот, не само продуктивноста, бидејќи многумина ја гледаат ВИ како алатка за подобрување на продуктивноста. Ние мислиме дека продуктивноста е втора, а квалитетот на живот е примарен. На крај сакаме да се осигураме дека ќе обезбедиме подобра инфраструктура за луѓето во ОАЕ, затоа ја користиме ВИ за струја, за инфраструктура, за логистика, и за поефикасно работење на Владата.

Остануваме на глобалниот медиа конгрес. Има уште многу говорници на темата. Конгресот завршува утре.

Од Абу Даби, за Телма, Снежана Лупевска Созен и снимателот Игор Јанковски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Израел се заканува со еднострани мерки при признавање на палестинска држава

Дејан Дејан

Скопје и Скопскиот регион зафатени со врнежи од дожд и засилен западен ветер

Дејан Дејан

Трамп го повика Киев да преговара со Моксва за прекин на огнот

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе