Вести Македонија Наука и здравје

Телма во Абу Даби на Саемот за технологија – предизвиците на дигиталните и традиционалните медиуми

Од денеска во Абу Даби почнува Глобалниот конгрес за медиуми  кој на едно место ќе собере 13 556 учесници , ќе се престават 193 брендови на Саемот за технологија, а на конференцијата ќе говорат 170 експерти професори медиумски работници и преставници на Влади од целиот свет. Форумот го отворија министри од владата на Емиратот, а во наредните три  дена ќе видиме најнови технологии во областа на продукцијата, медиумите, социјалните медиуми. Панелите се тематски, климатски промени, комуникации, употреба на вештачка интелигенција , учеството на жените во медиумите  и други  теми поврзани со предизвиците на дигиталните и традиционалните медиуми.

Град сместен во персискиот залив. Главен град на Емиратите  втор по големина по Дубаи.. половина од населението живее овде.. 1.5 милиони жители.. Центар за бизнис и економија но и за инвестициски фондови. Овде се наоѓа и еден од најголемите паркови на соларна енергија на површина од 804 км,  а во него има повеќе од 3,3 милиони фотоволтаици.

Електраната е наречена НУР и значи светлост и има силина од 1,2 гигавати, а со комерцијална работа започнала во 2019-та година. Интересно е што се наоѓа во пустина каде соларните плочи треба да бидат заштитени од песокот  па затоа се поставени 1 400 роботизирани системи кои два пати во денот ги чистат фотоволтаичните плочи. Во НУР се вложени 872 милиони долари.

Убавините и раскошот на Абу Даби се гледа во градбите и традиционалните како палатите но и облакодерите..Најголемото богатство доаѓа од нафтата и гасот. Абу Даби има 9% од нафтените резерви во светот и 5% природен гас.

Овие ресурси ги прават Eмиратите да се во топ десетте земји во однос на резервите на нафта 97 800 милјарди барели. А што се однесува до индустријата планирани се 33 нови инвестиции  со цел Емиратите помалку да зависат од заработувачката од природните нафтени ресурси, а со цел поголем извоз за 6 милијарди долари на нови пазари. Но во Абу Даби не е само бизнисот во фокусот. Освен Дубаи кој е пред се туристичка дестинација и во административниот центар на Емиратите има туристи.

 Џамијата Шеик Зајед е толку голема што може да собере 41 000 посетители, а е направена на површина од 22 000 м2. Со 4 минариња и бројни куполи е место број еден за посетителите, а во неа се вградени материјали од целиот свет, но и од Македонија. На нејзините ѕидови стои натпис дека мермерот бел и светол е донесен и од нашата земја. Вградени се околу 90 000 тони мермер, орнаменти од килибар и мермер , подови со живописни цветови, импозантни лустери и позлатени сводови ја прават оваа џамија една од најубавите ново изградени во светот.

Од Абу Даби за Телма, Снежана Лупевска Созен и снимател Игор Јанковски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Андоновски: Ќе разговараме со нотарските комори да се прифатат електронските документи како валиден документ

Дејан Дејан

(видео)Андоновски: „Електронскиот паричник“ е опција, не обврска

Дејан Дејан

(видео)Андоновски во Топ Тема: Има десетици компании кои што веќе работат исклучиво електронски

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе