Вести Економија

Коруновски: Владата треба да прифати дека мора да вложува во железничкиот сообраќај

Железничкиот сообраќај е сложен инфраструктурен систем кој бара континуирано вложување и одржување, потенцира поранешниот директор на МЖ Транспорт Игор Коруновски. Во вечерашната Топ Тема на Телма, Коруновски оцени дека ако не се превземаат превентивни мерки, за одржување на локомотивите и вагоните, ќе мора да се превземаат корективни мерки.

Со намалувањето на линиите опаѓа и бројот на патниците, со нередовноста на возовите исто така луѓето се откажуваат од патувањето со воз. Со нередовното вложување и финансирање во резервни делови, во набавка на нови влечни средства, на нови локомотиви и вагони доведува до една ваква ситуација да вие немате ресурси со кои ќе ја извршувате основната дејност, превоз на патници и стока. Ако ги немате ресурсите на располагање, тогаш сте приморани да ги укинувате патничките линии. Сепак образложение за ваквите состојби во претпријатието треба да даде сопственикот, а тоа е државата, рече Коруновски.

Тони Димовски, претседателот на Синдикатот на машиновозачи потврди дека еден од најголемите проблеми за лошото функционирање на Македонски железници е токму неодржувањето на гарнитурите. Тој рече дека немаат друго решение освен да бојкотираат, иако и претходно се докажало дека бојкотот не дава резултат.

Немаме друго решение каде што ќе можеме да го искажеме нашиот револт. Денеска сме во бојкот поради неисплатени патни трошоци, пред два три месеци протестираме поради неисплатени плати. Не вродува со плод, бидејќи ако вродувало со плод немаше на секои два три месеци да бојкотираме, рече Димовски.

Претседателот на Синдикатот на машиновозачите порача дека бојкотот ќе продолжи и во понеделник доколку не ги добијат бараните средства.

Коруновски оцени дека МЖ Транспорт мора да стане пазарно ориентирана компанија и менаџментот да се довери на компетентни луѓе, како и да се убеди владата дека треба да инвестира во овој сектор.

Прво треба владата да се натера да прифати дека треба да вложи во овој сектор. Има неколку студии направено каде што се кажува дека 12 милиони евра годишно треба да се даваат во МЖ Транспорт, како субвенција, и уште најмалку толку во инфраструктурата за ремонт. Во случајов тоа не се прави. Замислете имате минус од околу 20-на милиони евра годишно за да функционира возниот ред онаков како што е сега. Ако ги немате јас не знам некој друг систем со толкав дефицит што може да продолжи да функционира. Дури за пофалба е и ова досега вака што функционирало, рече Коруновски.

Заклучот на гостите во вечерашната Топ Тема е дека покрај либерализацијата на железничкиот сообраќај за која сметаат дека не е подготвена, од исклучителна неопходност е МЖ Транспорт да се подели на товарен транспорт и патнички транспорт, кој пак треба да биде субвенциониран од државата.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Калајџиев: Сите влади кај нас практикувале реформски илузионизам, давајќи лажна надеж дека со измена на закони ќе се подобрат состојбите

Дејан Дејан

Петковска: Организацијата на судењето за пожарот во „Пулс“ ќе биде голем предизвик за Кривичен

Дејан Дејан

Трамп: Разочаран сум од Путин

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе