Вести Свет

Атина и Солун ќе добијат нови градоначалници

Актуелните градоначалници на Атина и Солун, и двајцата поддржани од владејачката Нова демократија загубија во вториот круг од локалните избори во Грција, според официјалните податоци од Министерството за внатрешни работа, со пребројани 78 отсто од гласовите, јави дописничката на МИА од Атина.

Во општина Атина, досегашниот градоначалник Костас Бакојанис освои 44 отсто од гласовите наспроти Харис Дукас, поддржан од СИРИЗА и ПАСОК, кој доби над 11 проценти повеќе, односно 55,99 отсто.

Излезноста во Атина и овој пат беше мала, односно гласаа само 26,5 проценти.

Во  Солун, актуелниот градоначалник од Нова демократија Костас Зервас доби двојно помалку гласови од независниот кандидат Стилианос Ангелудис.

Во цела Грција излезноста беше 38,89 отсто.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Убиени тројца Палестинци во напад на израелските доселеници врз село на Западниот Брег

Дејан Дејан

Западниот Балкан останува во геополитичкиот интерес на ЕУ

Дејан Дејан

Арсовска поднесе пријава за 20 дивоградби во Чаир

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе