Персоналот постојано е мета на вербални прозивки од пациенти, поради нарушената довербата во Клиниката.
Истрагата за скандалот со кражба и препродажба на цитостатици е во тек, целосно соработуваме со органите на прогонот, вели директорката за онкологија Виолета Клисаровска.
Додава дека и сега клиниката се соочува со недостаток на лекови, а онкологија има 70.000 активни пациенти.
Повика и да се направи стратегија за децентрализација, а не сите пациенти да доаѓаат во Скопје, како и тоа да се направи регистар на пациенти болни од канцер затоа што во моментов само болниците си водат интерна евиденција.
https://youtu.be/rxyOYm-0l6U