Вести Култура

Местно гледалишче Љубљана со „Нора“ на Ибзен пред скопската публика во рамки на фестивалот РУТА

Во рамките на фестивалот на регионалната унија на театри- РУТА, што се одржува во Драмскиот театар, вечерва се игра претставата „Нора“ на Местно гледалишче Љубљана според истоимениот текст на Хенрик Ибзен.

Режијата е на македонската режисерка Нела Витошевиќ. „Нора“е текст кој е логичен избор за мене, затоа што тоа првиот феминистички текст на Ибзен, а главната хероина е симбол на женскиот отпор и женската слобода, загатнува прашања кои сакам да ги отворам и да ги обработувам, вели режисерката Витошевиќ.

Секогаш е подготвена за различни ставови и тоа е многу важно. Како што велат актерите ако ја почитуваме работата со ваков калибар на соработници, се надевам дека сте свесни каков талент имате тука во Македонија. И се надевам дека повторно можеме да работиме заедно- Ајда Смрекар, во улогата на Нора.

Среќна сум затоа што видов дека различни генерации, не само жени, туку и мажи во Словенија многу добро ја прифатија претставата. Ние тој текст го имавме и во програмата на гимназиите за матура, така што многу млади луѓе ја видоа претставата и беше прекрасно да ги гледате и да ги слушате како им се допаднало тоа, како почнаа да размислуваат во однос на мажите и жените, за тоа што значи семејството, кои се човековите права. Тоа најмногу ме радуваше од се, затоа што животот на таа претстава е полн и богат, има одзив и комуникација со публиката- Петра Погоревц, драматург.

Нина Стефанова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Трамп: Разочаран сум од Путин

Дејан Дејан

Нуклеарката Запорожје остана без струја, Украина ја обвини Русија

Дејан Дејан

„Паднал низ прозорец“ – почина потпретседател на руска нафтена компанија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе