Запрашан за изјавата на вицепремиерот Бојан Маричиќ дека добил реакции од холандскито амбасадор и од, како што рече, претставници од Хаг, кои изразиле загриженост поради промените на Кривичниот законик, Османи инсистираше дека претходното законско решение не давало резултати.
Јас мислам дека причината зошто владеењето на правото, посебно во делот на високата корупција не функционираше, зошто граѓаните немаат воопшто доверба во судството е токму тоа законско решение. Кое што беше така фиксно и радикално да даваше простор за постојани одложувања и заради радикалноста во решенијата ретко кој се осудуваше да донесе одлуки. Сега, јас не сум правник и не се занимавам со прашањето, но имам едно обично прашање. Ако вие не сте задоволни од владеењето на правото во услови на едно такво решение како може промената на тоа статус кво да биде полоша, рече османи.
Веројатно некој мислел дека со пофлексибилно решение кое што дава пократки рокови за да ги притиска судиите да носат решенија и да се става фокус на конфискацијата на имот, ќе имаме повеќе резултати, се обиде да ги оправда измените министерот за надворешни работи.
Еве, да кажеме дека дема да има резултати, но тоа е веќе прејудицирање, сега сигурни бевме дека немаше резултати од тоа законско решение, кое што беше намерно ставено за да се контролираат политичките противници, рече османи.
Потсетувајќи на реакциите од ЕУ дека ова е злоупотреба на европското знаменце, поткопување на владеењето на правото и сомнеж во волјата за битка против корупцијата и криминалот, новинарите му посочија на Османи дека освен во партиски кругови никој нема логично објаснување за ова. Министерот инсиситира дека претходното решение не давало резултати.
Како може да сме толку фиксирани на решение кое што очигледно беше причина за неуспехот во борбата против корупцијата. Дајде да дадеме шанса за ова и потоа да ги споредиме, дециден е Османи.