Вести Македонија Најважни

Помилување само со правосилна пресуда

Само правосилно осудените лица ќе можат да добијат милост од претседателот. Нема помилување за оние чии дела сѐ уште се во истражна постапка или во судница. Вакво решение предлага Министерството за правда со новиот текст на Законот за помилување.

Претседателот Стево Пендаровски, чиј претставник учествуваше во подготовката на текстот, го поздрави ова решение како исполнување на неговата заложба за исклучување на аболицијата од правниот систем. Смета дека тоа ќе придонесе за зајакнување на судството и за функционирање на поделбата на власта.

Конечно е вклучена заложбата да се оневозможи правото на шефот на државата да помилува лица за кои е во тек истражна или судска постапка, а нема правосилна пресуда. На овој начин ќе се овозможи кривичните судови да ја остварат во целост својата функција, а таа е во соодветна постапка да ја утврдат вината на обвинетите и да ги осудат виновните сторители на кривичните дела, вели претседателот Пендаровски.

На новиот Закон за помилување една година работеше Работна група. Нивна идеја беше и претседателот да не може да помилува по службена должност туку само по молба на осудениот или неговото семејство. Своите ставови ги презентираа уште во мај годинава.

Овој закон треба да ги отстрани можностите за предизвикување правен хаос како што направи аболицијата на претседателот Ѓорге Иванов во 2016-та, кога помилува 56 лица  – дел од нив не беа ниту обвинети, за дел се водеа некакви постапки, а некои имаа и пресуди.

Молбите за помилување ќе се доставуваат до претседателот преку Министерството за правда. Тоа ќе бара податоци од затворите, од судовите, од Управата за санкции и од други институции. Во Правда нема да има ниту комисија ниту тричлено одделение кое, како до сега, стручно ќе ги разгледува молбите. За судбината на сите молби годишно ќе биде составуван Извештај што Министерството  ќе го доставува до Собранието најдоцна до 31-ви март наредната година.

Соња Николовска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Калајџиев: Сите влади кај нас практикувале реформски илузионизам, давајќи лажна надеж дека со измена на закони ќе се подобрат состојбите

Дејан Дејан

Петковска: Организацијата на судењето за пожарот во „Пулс“ ќе биде голем предизвик за Кривичен

Дејан Дејан

Трамп: Разочаран сум од Путин

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе