Вести Македонија Најважни

Министерството за правда го достави Предлог Законот за помилување во владина процедура

Министерството за правда минатата година формираше работна група составена од претставници од релевантните институции од правосудството, како и претставници од Претседателот на Република Северна Македонија и од научната фела. При изготвувањето на законот беа разгледани повеќе компаративни искуства од кои посебно се значајни решенијата содржани во правните системи во државите членки на Европската унија и од оние држави со кои имаме слични правни системи, соопштуваат од Правда.

Оттаму објаснуваат дека пПричините за донесување на Законот за помилување, пред се,  произлегуваат од недостатоците и правните празнини во постојниот закон кои беа лоцирани во неговата практична примена, како и од потребата за попрецизно нормирање на одредени прашања кои се предлага да бидат регулирани со новиот Закон.

Постојниот Закон за помилување беше донесен во 1993 и истиот претрпе бројни измени и дополнувања, а одредени одредби беа укинати од страна на Уставниот суд.

Клучните новини содржани во Предлогот на законот се:

Прашањето за правото на Претседателот да помилува лица од казна и од кривично гонење беше едно од најекспонираните прашања за што работната група застана зад решението согласно кое Претседателот може да даде помилување само за казна, а не и за кривично гонење на поименично определени лица.

Мошне значајни се и решенијата со кои е детално разработена постапката за помилување каде се предвидени кратки рокови за секоја од иснтитуциите кои се вклучени во постапката за помилување. Притоа, тука се значајни и конретните одредби за одговорност на лицата кои постапуваат по предметите, но и на нивните претпоставени.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Калајџиев: Сите влади кај нас практикувале реформски илузионизам, давајќи лажна надеж дека со измена на закони ќе се подобрат состојбите

Дејан Дејан

Петковска: Организацијата на судењето за пожарот во „Пулс“ ќе биде голем предизвик за Кривичен

Дејан Дејан

Трамп: Разочаран сум од Путин

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе