Сите досегашни опции со кои што го крпевме системот се искористени. Време е за ремонт. Потребен е генерален избор на сите судии и обвинители во втор и трет степен, предлага обвинителката од Вишото јавно обвинителство Скопје, Фатиме Фетаи, според која потребни се смели решенија за правосудството да излезе од маѓепсаниот круг.
Зошто само во повисоките обвинителства и судови? Според Фетаи, таму е вистинското правораздавање. Се укинуваат, потврдуваат или менуваат одлуки. На овие позиции треба да застанат стручни кадри со докажан интегритет и резулатати. Таа предлага на сите кандидати за повисоки позиции да им се провери имонтата сосотјба, дали и колку се збогатиле но и дали имаат скриен имот на туѓи имиња, дали имаат поврзаност со криминални струкури.
Институции и механизми за сите овие проверки, според Фетаи, има но потребан е волја.
Реизборот би го вршеле обвинителскиот и судскиот совет, постепено по 1/3 од судиите и обвинитeлите, целосно јавно и транспарентно по принципот на изборот на членови на Антикорупциската комисија.
Предлогот на Фетаи не го слушна заменик министерката за правда, Аврамовска Мадиќ која си замина на паузата, за што обвинителката и јавно и забележа.
Мадиќ не одговори ни на новинарските прашања.
Изборот и унапредувањето на судиите и обвинитлеите и работата на двата совети, беа во фокусот на денешната дебата организирна од Национаната конвенција за Европска унија во Република Северна Македонија. Професори и судии анализираа какви промени се потребни за Судскиот совет со месеци кој е во фокусот на јавноста по спорното разршеување на експретседателката на Дамева.
Мегу темите кои ги отворија експерите и практичарите се и регулирање на постапката за разршеување на претседател на Судски совет, недостатокот на судии но и воведувањето на цензус за избор на член на судски совет за да не се случи во иднина некој да биде избран само со сопствениот глас.
Елена Ивановска Мукоска