Вести Македонија

Алијанса за Албанците: Интерпелацијата за Јовески комичен театар, процедурата за избор на нов обвинител е започната

Алијанса за Албанците ги отфрла обвинувањата на опозицијата дека го штити јавниот обвинител Љубомир Јовески. Интерпелацијата поднесена од албанските опозициски партии, ја оценуваат како комичен театар.

Обвинувањата на опозицијата дека АА го штити јавниот обвинител се неосновани и само докажуваат колку се неинформирани за постапките и за конкретниот случај. Опозицијата со последните дејствија изигрува комичен театар, поднесувајќи интерпелација за главен обвинител на кој сега му истекува мандатот, додека министерот за правда Кренар Лога испратил информација до Владата, со која и официјално го започна процесот за избор на новиот главен обвинител, велат од АА.

Во соопштението се наведува и постапката и роковите за избор на јавен обвинител според законските одредби.

Пратениците од Беса, Демократско движење и Алтернатива поднесоа интерпелација за Јовески, а од Кабинетот на претседателот на Собранието информираа дека интерпелацијата ќе биде ставена на првата нова пленарна седница.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Калајџиев: Сите влади кај нас практикувале реформски илузионизам, давајќи лажна надеж дека со измена на закони ќе се подобрат состојбите

Дејан Дејан

Петковска: Организацијата на судењето за пожарот во „Пулс“ ќе биде голем предизвик за Кривичен

Дејан Дејан

Трамп: Разочаран сум од Путин

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе