Вести Македонија Најважни

Ахмети и Ковачевски договарале закон за амнестија тврди Рафиз Алити, поранешен командант на УЧК

Али Ахмети, лидерот на ДУИ,  разговарал со премиерот Димитар Ковачевски за законско решение кое ќе ги вклучи сите категории кои настрадаа во вооружениот конфликт во 2001 година.

Ова во интервју за ТВ Алсат го откри поранешниот заменик-претседател на Парламентот од редовите на ДУИ, Рафиз Алити.

Според Алити договорот меѓу двајцата лидери на политички партии покрај борците на УЧК вклучувал амнестија и за други категории како лица вклучени во случајот со Куманово, случајот со Порој и други.

Тој додава дека пред неколку месеци претседателот на ДУИ го отворил ова прашање со премиерот Ковачевски и со поранешниот генерал Ангелов и изразил подготвеност да се донесе закон бидејќи тоа би било полезно за сите граѓани независно кој на чија страна бил или кого поддржувал во 2001 година.

Ковачевски претходно ги негираше ваквите тврдења. ДУИ и нејзиниот шеф Али Ахмети од крајот на војната повеќепати ветуваа правно решение за статусот на УЧК, но ова прашање остана нерешено и 22 години по конфликтот.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Трамп: Разочаран сум од Путин

Дејан Дејан

Нуклеарката Запорожје остана без струја, Украина ја обвини Русија

Дејан Дејан

„Паднал низ прозорец“ – почина потпретседател на руска нафтена компанија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе